Ставревски: Идната година зголемување на пензиите и социјалната помош

Буџетот за 2014 година кој денеска повторно е пред пратениците предвидува 77.667 милиoни денари за социјални трансфери. Се предвидува зголемување за пет проценти на пензиите и на социјалните надоместоци кои ќе се исплатат во март следната година.

- Врз основа на прецизни пресметки што се направени за 2014 година на приходната страна и за трошоците на живот констатиравме дека можеме да ги зголемиме пензиите и да ја зголемите социјалната помош и тоа ќе се случи со исплата во март, како и социјалната помош што ќе се исплати во март, рече вицепремиерот и министер за финансии Ставревски.

Во Буџетот за 2014 година  предвидени се нови социјални прави, односно исплата на средства за нови социјални права. За правото на посебен додаток за самохрани родители на деца со пречки во развојот ќе биде зголемено за 50 проценти при што на месечно ниво ќе изнесува 6.400 денари. Во областа на социјалната заштита освен постојното право за плата за скратено работно време поради нега на дете со тешки пречки во психичкиот или физичкиот развој и правото на паричен надомест за помош на нега од друго лице, се предвидува и ново право за додаток за глувост во износ од 6.000 денари за околу 870 лица, додека постојното право за мобилност се проширува во износ од 7.000 денари.

Ставревски посочи дека сите овие фактори ја покажуваат заложбата и напорите на Владата за ранливите категории граѓани.

17.12.2013 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега