Последен натпревар меѓу Металург и Вардар за оваа година

Македонските ракометни клубови Вардар и Металург попладневно ќе се пресметаат во СЕХА лигата меч кој ќе биде последен за нив годинава.

Поради подготовките за ЕП во Данска кое ќе се одржи во јануари, во 2014 година, СЕХА лига ќе паузира и ќе продолжи кон крајот на следниот месец. 

Дуелот Вардар - Металург е од 10.коло, но поради настапите во Лигата на шампионите беше одложен. Првиот натпревар во СЕХА лигата оваа сезона заврши нерешено 28:28.

На средбите во Лигата на шампионите и двете екипи остварија по една победа, а и овој натпревар како и претходните три ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Минатата сезона од СЕХА двете екипи триумфираа на домашен терен, но тогаш натпреварите ги играа во „своите“ сали во СРЦ Кале и во Автокоманда, додека полуфиналето од СЕХА лигата го доби Вардар со 22:21.

Резултатот од денешниот меч нема да има некаков ефект и измени на табелата, но со победа Вардар веќе со едната нога ќе биде до пласман на завршниот турнир. 

За Металург победа ќе значи одлепување во однос на конкурентот за четвртото место во моментов Мешков Брест.

Табела: Загреб КО 31 бод, Татран Прешов 30, Вардар 25, Металург 19, Мешков Брест 18, Војводина 12, Нексе 11, Ловќен 11, Борац 9, Партизан 3.

17.12.2013 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега