Цариниците со полни раце работа - еве што запленија

Во текот на минатиот викенд и минатата недела Царината повторно заплени  девизи, фалсификати, сменски материјал, прехранбени продукти, облека, бандажи и разни производи за домаќинство.

Се работи за 1095 парчиња облека, 50 женски ташни, 50 фудбалски топки и  10 мобилни телефони со лого на заштитени трговски марки, заплени Царинска управа во текот на изминатата седмица во повеќе одвоени случаи.

Во првиот случај  при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за фирма увозник од Струмица, пријавена за увозно царинење, пронајдени се 385 парчиња облека (џемпери, панталони, блузи и капи) и 50 женски ташни, за што постои сомневање дека се работи за фалсификати на заштитени трговски марки. Пазарната вредност на сомнителната стока се проценува на околу 392 илјади денари, доколку би се продавала како оригинал.

 Во другите два случаи, при контрола на две товарни моторни возила со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата, пронајдени се 380 парчиња облека, чија пазарната вредност се проценува на околу 570 илјади денари, и 52 фудбалски топки со лого на различни заштитени трговски марки, чија пазарната вредност се проценува на околу 310 илјади денари.

Запленети се и 170 парчиња и 80 пара облека откриени при контрола на товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки натоварено со разна стока од Турција, а наменета за фирма увозник од Скопје. Вредноста на стоката доколку се работи за оригинал производи изнесува вкупно 132 илјади  денари, како и 10 мобилни телефони со ознаки на заштитени трговски марки, при контрола на 7 поштенски пратки, од кои 3 пратки од Шведска, 2 пратки од Швајцарија и 2 пратки од Сингапур. Телефоните биле наменети за различни примачи-физички лица од Битола, Делчево, Скопје, Струмица и Охрид.

Пронајдени се 7.800 евра при личен претрес на македонски државјанин, патник во патничко возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата. При извршената контрола, во внатрешен џеб од јакната на прекршителот пронајдени се 9.800 евра, за што не поседувал доказ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, 2.000 евра му се вратени на патникот, а останатите 7.800 евра привремено се задржани

Исто така, пронајдени се и 6.000 евра при личен претрес на двајца македонски резиденти. За излез од Р.Македонија за царинска контрола се пријави патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки управувано од македонски резидент и едно лице сопатник исто така македонски резиденат. При личен претрес на возачот во неговата кошула пронајдени се непријавени 5.000 евра, а при личен претрес на сопатникот во внатрешниот џеб на јакната пронајдени се исто така непријавени 5.000 евра. Согласно закон за девизно работење на странките им се вратени по 2.000евра а привремено се задржани 6.000 евра.

Царината заплени и 161 кг разни прехранбени продукти (тестенини, ориз, шеќер, козерви туна, кечап и чоколади) и 5 употребувани производи (фрижидери, телефон-факс, скии и даска за скијање), откриени при контрола на нова и употребувана стока со потекло од Швајцарија, наменета за фирма увозник од с. Василево, пријавена за увозно царинење. Покрај обидот за избегнување на царински давачки направен е и обид за избегнување на Дозвола за увоз на нова и употребувана техничка стока со разладни средства, Согласност за увоз на пратка со храна, производи и материјали кои доагаат во контакт со храна и Ветеринарен документ за производи од животинско потекло кои се предвидени при увоз на дел од непријавената стока.

Запленети се и  243 машки кошули, при контрола на стока пријавена за повторен извоз, од страна на фирма од Штип, 63 бандажи со употребувани гуми, откриени при контрола на товарно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените бандажи пронајдени се помеѓу легално пријавените употребувани гуми, со потекло од Германија, наменети за фирма увозник од Косово и 152 разни производи (сукала, соковници, пластични чаши, чинии, ножеви, дрвени врати и метална врата), откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за фирма увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење.

17.12.2013 - 11:15
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега