Од идната година фирмите ќе се регистрираат само по електронски пат

Директорот на Централниот регистар на Република Македонија Ванчо Костадиновски денеска истакна дека од идната година регистрацијата на фирми ќе се врши само по електронски пат.

Годинава се отворени 6.247 компании, од кои 240 се регистрирани по електронски пат од страна на овластени регистрациски агенти  кои ја вршат оваа активност последните неколку месеци.

Во евиденцијата на Централниот регистар има околу 100 илјади компании. Директорот Костадиновски посочи дека годинава се затворени во нормална процедура 3.758 компании. Согласно измените на Законот за трговски друштва избришани се 4.200 фирми од евиденција, за 3.500 кои се во регистрацијата на блокирани сметки и 6.100 кои немаат активност три години по ред се чека да го утврди статустот Управата за јавни приходи. Од УЈП се чека и утврдување на статусот на 37.748 фирми за да може потоа да бидат избришани од регистарот.

- Во регистрациските канцеларии на Централниот регистар во 20 градови ќе се спроведе акцијата Отворени денови. Во согласност со нашата заложба што поблиску да бидеме до граѓаните тимови од Централниот регистар од Скопје заедно со локалното раководство ќе бидат достапни да одговорат на сите отворени прашања на граѓаните што се поврзани со надлежностите на Централниот регистар, рече Костадиновски  додавајќи дека идејата е да ги посоветуваат граѓаните за тоа како најдобро и најефикасно да решат некој нивен проблем  или комплексна ситуација поврзана со кој било од регистрите што ги води Централниот регистар или доколку проблемот не е во надлежност на Централниот регистар да ги упатат во некоја институција која е надлежна.

Во Скопје отворените денови ќе бидат на 20 декември.

17.12.2013 - 12:28
Фото: 
купинапопуст

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа