Им влегол дома со нож - хорор за брачен пар од Прилеп

19-годишниот прилепчанец З.Р. си заработи кривична пријава за разбојништво.

Пред неколку денови околу 21 часот на улицата „Мечкин Камен“ во домот на Д.Ќ., пријавениот со закана со нож извршил разбојништво над него и неговата сопруга В.Ќ. Разбојникот на жената и ги оттргнал златните обетки, а потоа одзел мобилен телефон, по што се симнал во гаражата каде  земал 340 денари. 

17.12.2013 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега