Прилепчанец претепал полицаец по фудбалски натпревар

45-годишниот Р.Д. од селото Големо Коњаре во прилепско си заработи кривична бидејќи нападнал полициски службеник.

Инцидентот се случил пред неколку денови околу 18 часот по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Кадино“ и ФК „Големо Коњари“. Пријавениот нападнал полициски службеник во соблекувалната, при што го турнал кон ѕидот и му ја скинал кошулата.

17.12.2013 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега