Во третиот квартал намалена стапката на невработеност

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, стапката на  невработеност во земјава во третиот квартал од 2013 година изнесува 28,7 проценти, со што има вкупно 273.860 невработени лица.

Во однос на претходниот месец бележи намалување од 0,1 отсто кога бројот на невработени лица изнесувал 274.969.

Повеќе од половина од невработените се на возраст меѓу 15 и 24 години, а 27,7 проценти од невработените се на возраст од 25 до 49 години.

Од друга страна, стапката на активност во третиот квартал од годинава изнесува 57,3, а активното население во земјава брои 957.417 лица.

17.12.2013 - 13:54
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега