Македонско-албански бизнис форум

Во Сојузот на Стопанските комори на Македонија денеска ќе се одржи Македонско-албански бизнис форум.

Овој бизнис-форум е во рамките на тридневната посета на бизнис-делегација од регионот на Корча, Албанија, со цел „Подобрување на бизнис соработката во прекуграничниот регион“.

Ќе бидат организирани директни средби помеѓу македонските и албанските компании со цел креирање можност македонските компании да остварат директни контакти со компаниите од Албанија и започнување успешна деловна соработка.

18.12.2013 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа