УЈП: Земјоделците до крајот на месецот да поднесат барање за паушално оданочување

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека сите кои извршуваат земјоделска дејност, а годинава не оствариле приход поголем од 1,3 милиони денари, ќе можат паушално да го плаќаат данокот на доход.

Доколку не се регистрирани во УЈП како даночен обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, најдоцна до 31 декември 2013 година до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk треба да поднесат Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (образец “УЈП-РДО/З“) и Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“). Ако, пак, се веќе регистрирани во УЈП како обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, треба да поднесат само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).

УЈП смета дека државата го стимулира земјоделството и оттука, за земјоделците кои ги исполнуваат условите за паушално оданочување се предвидени низа даночни поволности, целосно ослободување од плаќање данок на доход доколку приходот во 2013 година изнесува до 300.000 денари од вршење на основна земјоделска дејност, доколку остварените приходи од основна земјоделска дејност се над 300.000 денари до 1.300.000 денари, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 отсто од остварениот приход, односно ќе платите данок само на 20 проценти од остварените приходи.

За повеќе информации на info@ujp.gov.mk или на Инфо центарот 0800 33 000. 

18.12.2013 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега