Нови бранувања во владината коалиција

ДУИ ги крие своите политчки неуспеси обидувајќи се да наметне над поголемиот партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ. Професорката на Правниот факултет во Скопје, Татјана Каракамишева Јовановска, во изјава за Курир вели дека изјавата на портпаролот на интегративците Бујар Османи, дека граѓаните очекуваат решение на проблемите а не нови избори, алудирајќи на решение на спорот за името е обичен политички спин и само продолжување на политиката на уцени со која се служи ДУИ.

-Имам чувство дека оваа партија, и покрај тоа што нема реализирано речиси ниту еден проект самостојно во овие седум години учество во власта, нема ниту еден нотиран политички успех за промоција на државните, националните интереси, сака да ги скрие овие политички неуспеси преку политичко наметнување над поголемиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ, и со познатата тактика која особено ја милуваше поранешниот претседател на СДСМ Црвенковски на потценување и омаловажување на успесите на другиот, да прокнижи на сопственото конто политички поени исклучиво кај својот дел од електоратот, вели Каракамишева-Јовановска за Курир.

Таа се сомнева дека ДУИ бега од соочување со граѓаните поради тоа што нема разработено квалитетен концепт и конкретни политики поради кои би ја добиле довербата па се обидуваат со уцени да издејствуваат решение на спорот за името за да можат да си го препишат успехот.

 

„Впрочем, доколку ДУИ има разработено проекти и идејни решенија во интерес на земјата оваа партија ќе посакува предвремени парламентарни избори со цел барање на граѓанската доверба за уште еден мандат. Имам чувство дека немањето на визија и конкретни политички идеи кои се во интерес на сите граѓани ја турка оваа партија кон фокусирање на прашањето за името, бидејќи длабоко во себе знае дека само тоа и е добитна комбинација за кревање на сопствениот рејтинг. Се работи за обичен политички спин, за политичко дефокусирање од сопствените неуспеси“ - вели Каракамишева за Курир

Дека не оди се мазно во коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ пред неколку есеци во интервју потврди и премиерот Никола Груевски кој рече дека преку коалициониот партнер му се праќале пораки дека меѓународниот фактор може да ја сруши атуелната влада во секој момент. Тогаш Груевски изјави дека се работи на пеглање на разликите и дека ВМРО-ДПМНЕ во секој момент е подготвена на секакво сценарио. 

ДУИ беше против избори и на стартот од оваа есен. Бројни експерти коментираат дека дополнителна паника во Мала речица создава и фактот што расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ па оттука, се отвора можноста на евентуални предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ самостојно да обезбеди мнозинство во Собранието, со што значително ќе се променат состојбите на Илинденска. 

 

18.12.2013 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега