Нова инвестиција во Гостивар овозможи 100 вработувања

Одамна во Гостивар не се памети наеднаш да бидат отворени и да се вработат над 100 работници. Овие работни места ги отвори мултинационалната компанија „Монтенегро“ од Гостивар, пишува Утрински.

Денеска официјално ќе биде отворен супермаркетот  „Мегамаркетот Монтенегро“, додека претходно, пред два месеца бешеотворен уште еден супермаркет, со што се овозможи вработување на голем број млади лица.

Гостиварци го поздравија потегот на „Монтенегро“ да инвестираат и да отвораат работни места.

18.12.2013 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа