Самсоненко: Синоќешните случувања му наштетија на македонскиот ракомет

 

Сергеј Самсоненко ги искоментира синоќешните случувања на натпреварот Вардар-Металур. Тој за Македонски спорт, вели дека него му било премногу срам за тоа што се случувало.

- Мене лично ми е срам за тоа што се случуваше. Обезбедувањето преземаше сѐ што требаше да преземе, меѓутоа публиката не можеше да ги контролира емоциите. Далеку од тоа дека е оправдано, но сите реакции дојдоа по судиските одлуки против Вардар. Да беше еднаш или двапати, да речеме дека е случајно, но веќе почнувам да мислам дека некој сака да ми каже нешто и затоа веќе нема да молчам. Најтешко ми е тоа што кога влегов во соблекувалната по натпреварот, играчите ме гледаа мене и бараа одговори. Не можам ништо да им забележам на ракометарите, беа борбени, дадоа сè што можеа. Жал ми е за ракометот во Македонија затоа што ова што се случува е против македонскиот ракомет. Се повреди Мојсовски и мене многу ми е жал за тоа. Не е важно од која екипа е, дали од нашата или од другата, тој е ракометар, а повредата е иста за секого – изјави Самсоненко за Македонски спорт.

18.12.2013 - 14:13
Фото: 
дерби

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега