Преку СМС-порака ќе се информираме за слободните работни места

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска ја промовираше веб страната www.avrm.gov.mk каде за прв пат на едно место ќе ја има понудата и побарувачката за работна сила.

- На овој начин сакаме да дадеме придонес кон подобрување на информираноста за можностите за вработување и мотивираноста на граѓаните за барање работа. Пред се , со овој проект се овозможува брз и релевантен извор на информации од прва рака, добивање информација во секое време и следење на огласите за работа на ефтин и едноставен начин, изјави денеска министерот за труд и социјала Диме Спасов.

Посочи дека промотивните активности ќе се реализираат преку унформативни средби, развој на апликација за мобилни телефони со која ќе се информираат невработените за слободни места како и поставување на инфо табли.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски на презентацијата на веб сајтот, апелираше до граѓаните кои бараат работа, прецизно и комплетно да ги внесуваат податоците.

- Сите оние што го оставаат свото CV на вебот на Агенцијата потребно е да ги пополнуват клучните податоци, зошто само така најлесно ќе дојдат до вработување, посочи Поповски.

Поповски истакна дека во моментов,  95.279 граѓани бараат работа, а намалувањето на бројката се должи на бројот на отворени работни места.

18.12.2013 - 15:30
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега