За еден ден седум сообраќајки во Скопје

Во последните 24 часа во Градот Скопје се случиле седум сообраќајни несреќи, но ниту една незгода со потешки последици.

Според информациите на МВР, се случиле уште четири незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Во две од вчерашните несреќи, полесни повреди заработиле еден пешак и еден сопатник, а во останатите пет незгоди имало само материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера санкционирала 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, седуммина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, шестмина возачи кои непрописно се престроиле, 11 возачи кои ги паркирале своите возила на пешачките премини и во зона на крстосница. Санкционирани се и петмина возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Специјалното возило „пајак“ отстранило 30 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“ во просториите на Полициската станица од општа надлежност „Гази Баба“ на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

За денеска нема најавено вонредни настани па најавено е тековно одвивање на сообраќајот.

19.12.2013 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега