Доаѓа топол бран: Идната недела одиме до 34 степени

 

Идната недела ќе биде една од потоплите која сме ја имале во овој период од пролетта. Синоптичарите најавуваат вистинско лето уште на почетокот на април со температури кои ќе достигнат и до 34 степени во одредени делови на земјава и до 32 во Скопје.
До крајот на оваа недела ќе имаме генерално стабилно време со прилично високи температури. Како што ќе се наближува викендот температурите ќе растат. Веќе во петок ќе имаме 25 степени а во сабота уште некој степен повеќе за во недела да се доближиме до 30 степени.
Неделата која следи ќе биде како летна недела. Понеделникот се најавуваат преку 30 степени а најтопол треба да биде вторникот кога ќе одиме до 34 степени. Преку 30 ќе бидеме и во среда за од четврток да настапи наоблачување кое за викендот треба да донесе и врнежи од дожд и пад на температурите за десетина степени.


 

02.04.2024 - 10:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега