Аркан бил убиен бидејќи дал изјава на Хаг?!

Жељко Ражнатовиќ Аркан бил убиен бидејќи се спогодил со Хашкиот трибунал да биде сведок. Ова го изјавува новинарот Миломир Мариќ кој работи на голем документарец за Аркан.

- “Очигледно дека Аркан тајно стапил во контакт со Хашкиот трибунал и дал некоја изјава. Можеби неговата ликвидација има врска со тоа. Веројатно го подготвувале да биде заштитен сведок. За ова никој до денес не знае ништо. Тоа дека го шамарал Марко Милошевиќ, дека бил во лоши односи со Раде Марковиќ…Тоа се глупости! Да се дрзне некој да го убие Аркан среде бел ден, тоа е невозможна мисија. Освен ако оние што го создале, дозволиле некој да го убие или пак самите тие го организирале тоа убиство“ – вели Мариќ.

Документарецот наскоро ќе се објави во јавноста.

20.12.2013 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега