Скопје во новогодишна шопинг треска - големи попусти во неколку продавници

Големите попусти ги преполнија продавниците. Градот живее во духот на новогодишните празници, сите брзаат да купат по некое парче облека,обувки, техника или подарок по намалени цени. Годинава граѓаните се задоволни од попустите низ трговските центри.  Најмногу се троши на телефони, телевизори, компјутери но и на облека.

Во екот на попустите ланецот продавници за Се од Техника ги намали цените на широката палета производи.

Продажните салони на Сетек ќе бидат отворени и во недела. По повод 20 години постоење на македонскиот пазар,сопствениците одлучија   роденденскиот попуст на техника да трае се до  новогодишните празници.

За викенд попусти има и во Нептун, а неодамна акцијата Црн Петок се спроведуваше и во Техномаркет. 

Големи попусти има и доколку решите да купувате гардероба. Мала прошетка низ трговските центри и ќе забележите дека многу бутици за Нова Година ги спуштија цените

22.12.2013 - 00:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега