СДММ за организационен секретар именува лице кое учествувало во дивеење и судири со полиција

 
По неколку месеци превирања, СДСМ конечно успеа да го состави раководството на свјот партиски подмладок. Во него, како организационене секретар, социјалдемократите решиле да го постават Сенат Самиловиќ, од СДСМ Бутел, лице, кое медиумите го посочуваа како организатор на протестите за убиствата кај Смилковското Езеро. Според написите, задачата на Смаиловиќ била да организира група која ќе предизвика нереди во Скопје. Протестите прераснаа во дивеење а на крајот групата на Смаиловиќ се судри со полицијата. 
Целта, според информациите објавени пред година и половина, била да се создаде тензија и да се подгрее политичката состојба во Македонија. 
 
На Бихаќка признаа дека Смаиловиќ учествувал во протестите но се оградија од него коментирајќи дека тој тоа го сторил самоиницијативно и дека партијата нема поврзаност со неговите активности. Помалку од две години подоцна, Смаиловиќ станува организационене секретар на СДММ. Останува нејасно, дали со учеството во насилните протести тој си ја заработи партиската функција и зошто СДСМ наградува лица кои се обидувале да создадат внатрешни нереди.
22.12.2013 - 13:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега