ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се помири со фактите - Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа

СДСМ неможе да се помири со фактите. СДСМ сака да создаде една нереална слика за економската состојба во државата спротивно, не на тоа што го тврди владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, туку спротивно на тоа што го тврдат Меѓународниот Монетарен Фонд, Светска Банка и други релевантни меѓународни институции.

Република Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа во 2013 година според Светска Банка и ММФ.

Република Македонија има трет најголем пораст на економијата во Европа во 2013 година.

Република Македонија е лидер во Југоисточна Европа според Светската Банка, ММФ, ЕБРД, FITCH, Doing Business, Forbes.

Во Република Македонија невработеноста е намалена на 28,7% за разлика од времето на СДСМ кога оваа стапка на невработеност беше рекордни 38,5%.

 

СДСМ останува осамен во својата критика на економската политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Економските параметри, релевантните меѓународни финансиски институции, но и граѓаните на Република Македонија јасно кажуваат дека СДСМ не е во право кога зборува за економската состојба во државата.

(Интегрален текст од писмена реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ)

22.12.2013 - 14:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа