Нова директна авио линија Скопје-Келн

Добиваме уште една директна авиолинија. Од април нискотарифниот авиопревозник „Визер“ двапати во неделата, понеделник и петок, ќе сообраќа од аеродромот „Александар Велики“ кон Келн.

Со оваа, четврта, дестинација до Германија, покрај Минхен, Дортмунд и Франкфурт, дополнително ќе се зајакнат врските помеѓу двете земји. Мрежата на дестинации на „Визер“ од Скопје се состои од 14 дестинации во осум земји.

Првиот лет е најавен за 4 април, а авиобилетите се со почетна цена од 29 евра.

24.12.2013 - 11:48
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега