Дачиќ: Ми се закануваат и на мене и на Вучиќ

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дека приоритет е безбедноста на претседателот на земјата и дека постојат закани упатени и кон него и кон првиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ, што се однесува до прашањето за прислушкување на Николиќ. Дачиќ изјави дека заканите доаѓаат од оние на кои не им одговоара да се најдат на обвинителна клупа и сметаат дека промената на власта нешто ќе им донесе. 

„И Вучиќ и јас изјавивме дека мора дас е истражи до крај прислушкувањето на претседателот на Србија. Постојат закани и кон Вучиќ и кон мене, од оние кои не им одговоара да излезат пред лицето на правдата, затоа што мислат дека ќе добијат придобивки со промена на власта“, вели Дачиќ.

 

 

25.12.2013 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега