ВИДЕО: Патувал низ САД и се хранел од контејнерите

Роб Гринфилд од Сан Диего сакајќи да привлече внимание за огромната количина на храна која завршува во контејнерите, патувал седум дена низ САД и се хранел исклучиво со она што ќе го најде во ѓубрето. Дваесет и седумгодишниот Гринфолд секој ден на својата трпеза имал свежо овошје и зеленчик, и друг вид на храна вредна и до 200 долари, а за истата не платил ниту долар. Храната ја земал од контејнерите кои се наоѓале зад големите продавници и ресторани. Неговата цел е да покаже како беспотребно се фрла храната и да ги поттикне луѓето да водат повеќе сметка околу тоа. 

„Мојата цел не е да го прават истото што и јас туку да водат сметка и да не ја фрлаат храната во ѓубре“, изјавилл Гринфилд. Американците, просечно, годишно фрлаат храна во вредност од 165 милиони долари, што е приближно околу 40 милиони килограми храна. 

 

 

25.12.2013 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа