Еден пратеник е уапсен - го фатиле додека примал мито

Пратеник во Собранието на Босна и Херцеговина е уапсен откако полцијата го фатила како прима мито од 10.000 евра, јавуваат локалните медиуми. Според информациите, објавени таму, пратеникот Мидхат Османивиќ од Партијата за БиХ е уапсен во Тузла во истоимениот хотел заедно со облежаните пари кои му ги дал граѓанин во замена за вработување. Пратеникот веднаш е приведен, а полицијата соопштува дека во тек се претреси во целиот кантон Тузла. Според информациите, уапсен и е директорот на Заводот за здравствено осигурување на Тузла Вели Ториќ исто така по сомнение дека примил мито.

25.12.2013 - 21:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега