На кого ќе ги подарат парите мајката и таткото на малата Тијана?

Небојша и Јелена Огњатовиќ, таткото и мајката на малата Тијана за која целиот Балкан се крена на нозе, по судските спорови кои ги водеа околу парите кои ги собраа за операцијата на својата ќеркичка, решија истите да ги донираат.

Според информациите до кои дојде Блиц, мајката и таткото на Тијана која за жал почина по операцијата во Хјустон, ќе ги поклонат парите на Институтот за мајка и деца во Нови Београд.

Се работи за 1,6 милиони евра кои ќе ги добие Институтот.

 

26.12.2013 - 09:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега