Пожар ја пепелоса фабриката „Кри-Кри“ во Грција

Голем пожар ја уништи фабриката за производство на млечни производи „Кри-Кри“ во Северна Грција.

Според податоците на Катимерини, сите вработени кои биле на работа во моментот на инцидентот, успешно биле евакуирани. Во справувањето со пламените јазици учествувале 13 возила на противпожарната, 35 пожарникари и десетици спасители.

Биле потребни неколку часа за да се изгаси пожарот.

26.12.2013 - 10:39
Фото: 
засе.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега