Мајката на изгорените деца го смени исказот: Само излегов да купам сок

Мирела Микулчиќ, мајката на трите настрадани деца во пожарот, пред обвинителот изјавила дека децата трагичната вечер ги оставила само на кратко бидејќи илегла да купи сок.

Мајката на Ненад (4), Димитрија (3) и Маја (2) кои на 16 декември настрадаа во страотен пожар во Велика Крсна, ја сослуша обвинител од Вишиот суд. Нејзината приказна пред обвинителот се разликува во однос на онаа што ја даде по пожарот и што беше објавена во емдиумите. Сослушувањето траело долго бидејќи Мирела речиси без престан плачела и липала.

-  Маја ми бараше сок. Беше жедна, сакаше детето да се напие. Отидов до продавници и ја заклучив вратата. Немав намера да ги оставам подолго. Лежеа на креветот, им реков дека брзо се враќам. Но џабе, се изгоре за 10 минути – низ плач пред обвинителот раскажа Мирела и постојано повторувала “подобро е да сум мртва” и “нема живот за мене”.

Се колнам дека никогаш подолго не сум ги оставала сами, туку кај соседите, еве запишете ги нивните имиња. Кога излегував на кратко, ги заклучував. Тоа е вистина. Но секоја мајака барем некогаш ги остава сами децата. Сакав на Маја да и ја исполнам желбата и брзо да се вратам дома – плачеше Мирела.

Мирела беше приведена три дена по пожарот по што и беше одреден притвор од 48 часа. Кога и истече таа мерка, притворот и е продолжен до 30 дена и и истекува на 19 јануари. Осомничена е за предизвикување на општа опасност поради што може да биде осудена на 8 години затвор.

26.12.2013 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега