Кираца излезе од Фешред - што се случува со компанијата

Потпретседателот на Надзорниот одбор, Кираца Трајковска која поседуваше 1.925 обични акции, односно 10,63% од основната главнина во Фершпед го продаде својот удел во друштвото, стио во соопштението на Македонска берза.

Акциите на Кираца ги купи Друштвото за инвестирање и консалтинг Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ Скопје.

„Согласно член 38, точка 1 од правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Фершпед АД Скопје известува дека друштвото за инвестирање и консалтинг Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ Скопје се стекна со  2.155 обични акции, односно 11,90 % од основната главнина на друштвото,“ се вели во соопштението на берза.

Вчера медиумите објавија информации дека Штерјо Наков ја губи контролата врз компанијата.

 

26.12.2013 - 17:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега