Македонија на ЕП без Лазаров?

Повредата на Филип Лазаров во текот на вчерашниот ден може да го оддалечи ракометарот на Вардар од ЕП во Данска. Според весникот „Вечер“, станува збор за скршеница на коската на дланката, по што левиот бек најверојатно неколку месеци ќе биде надвор од терените.

Вчера во националниот тим пристигна неговиот брат и капитен на Македонија Кире Лазаров, но тоа воопшто не ја поткрена атмосферата во тимот, по лошите вести за Филип.

Стручниот штаб ќе има проблеми да го надополни местото лев бек во тимот особено со фактот што и Мојсовски е повреден, а Вугринец не доби право за настап на ЕП.Сега со новонастанатата ситуација далеку поголема шанса за настап Обрван ќе им даде на Стојчевски и Пецаковски. 

Само за потсетување, Македонија се наоѓа во групата А од европскиот шампионат што од 12 јануари ќе стартува во Данска, заедно со домашната селекција, како и репрезентациите на Чешка и на Австрија. Првите три репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман во следната фаза од шампионатот.

27.12.2013 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега