Откриена причината за смртта на медицинската сестра пронајдена во тоалет

Медицинската сестра Наташа М.синоќа беше пронајдена мртва во тоалетот во болницата во Кикенда каде работела трета смена.

- „Телото е испратено на обдукција во новосадскиот институт за судска медицина. По добиањето на обдукцискиот наод ќе се знае под какви околности починала медицинската сестра. Истрагата е во тек“, изјавиле од полицијата.

Според последните информации од српските медиуми, 26-годишната сестра самата на себе си ставила вакцина против алергија и така починала. Нејзините колешки велат дека никогаш не била депресивна и дека имала планови да го заврши курсот по германски јазик и да најде работа во Германија. 

Според зборовите на нејзината мајка, Наташа и дома си ставала инјекции , но последните месеци не користела инјекции и не земала храна со глутен.

27.12.2013 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега