ВИДЕО: Антиќ ја доведе Атланта до победа

Тимот на Перо Антиќ, Атланта успеа да триумфира над Кливленд со 127:125, во продолженијата од мечот, откако во основните 48 минути резултат беше израмнет 95:95. По првите продолженија исто така немаше победник, откако и двете екипи успеаа да уфрлат по 108 поени во дотогашниот тек на мечот. 

Јунак на вечерта беше Џеф Тиг кој го постигна победничкиот кош во последната секунда, но и тројката за изедначување на крајот од првиот екстра период и тоа по одлична асистенција на македонскиот интернационалец,

Капитенот на репрезентацијата ги одигра последните пет минути од средбата со три постигнати поени (1/1 за 3п, 0/1 за 2п) и една асистенција, а беше одличен во одбраната каде што водеше вистинска војна со високите играчи на „коњаниците“.

Најефикасни беа Џеф Тиг со 34 поени и Ал Хорфорд со 25. Кај Кливленд најмногу се истакна Кајри Ирвинг со 40 поени.

Атланта со ваквиот триумф успеа да се зацврсти на третото место во Источната конференција. 

Едно продолжение се играше и на натпреварот Портланд - Лос Анџелес Клиперс кој заврши со победа на Портланд од 116:112.

Резултати на другите два ноќешни натпревари во НБА лигата: Хјустон - Мемфис 100:92 и Далас - Сан Антонио 107:116.

Вечерва се играат девет натпревари: Шарлот - Оклахома, Орландо - Детроит, Бруклин - Милвоки, Њујорк - Торонто, Минесота - Вашингтон, Њу Орлеанс - Денвер, Јута - ЛА Лејкерс, Сакраменто - Мајами и Голден Стејт - Феникс.

Пласман Источна конференција: Индијана 23-5 (победи-порази), Мајами 22-6, Атланта 16-13, Шарлот 14-15, Вашингтон 12-13, Детроит 14-16, Торонто 11-15, Бостон 12-17,...

Пласман Западна конференција: Портланд 24-5, Оклахома Сити 23-5, Сан Антонио 23-7, ЛА Клипрес 20-11, Хјустон 20-11, Феникс 17-10, Далас 16-12, Голден Стејт 17-13

27.12.2013 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега