Голем интерес за "Фискална во рака-награди без мака" - до сега пристигнале 200.000 коверти

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски вели дека има огромен интерес кај граѓаните за наградната игра "Фискална во рака-награди без мака". Според вицепремиерот, досега се пристигнати над 200.000 коверти за наградната игра чие прво извлекување ќе биде на 30 декември во 20 часот.

- Има голем интерес и тоа е добро, така треба да биде, секој треба да си бара фискална сметка и да добие фискална сметка. Право на секој човек што купува и троши е да ги добива фискалните сметки. И на тој начин очекуваме да има ефекти  поволни и за граѓаните, бидејќи ќе добијат  вредни награди, а и за општото ниво на фискална одговорност да се подигне, бидејќи со тие прибрани пари ќе се градат дополнителни патишта, болници, училишта и сето она што се финансира од Буџетот, вели Ставрески, пренесува Курир.

Пликоата можете да ги испраќате до 29 декември, на полноќ. Ќе има и второ коло од играта.

За потсетување, адресата на која треба да ги праќате ковертите е Државна лотарија на Македонија, бул. „Гоце Делчев“ бр. 8, Поштенски фах 363, со назнака: За наградната игра „Фискална во рака , награда без мака“.



 

27.12.2013 - 10:36
Фото: 
охриѓани.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега