Ставревски: Следната година поинтензивен раст на индустриското производство

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, денеска по пуштањето во употреба на реконструираниот граничен премин Блаце изјави дека очекува раст на индустриското производство до крајот на годината и уште поинтензивен раст следната година.

Ставрески оцени дека растот на индустриското производство ќе помогне да се оствари вкупниот раст на БДП што го проектиран на околу 3 до 3,5 проценти и истакна дека сите мерки и политики, вклучувајќи го и одржувањето на ниски даноци и обезбедувањето евтини кредити, како и излегувањето на европската економија од рецесија, помагаат македонската индустрија постепено да фати залет и да се врати во позитивната зона. Во индустријата има добар тренд во текот на целата година, посебно во втората половина и имаме заживување на индустриското производство и зголемен број на нарачки.

27.12.2013 - 13:46
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега