Пораст на индустриското производство

Индустриското производство во ноември годинава во однос на истиот месец од претходната година пораснало за 3,1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика порастот за периодот јануари - ноември 2013 година во однос на истиот од лани изнесува 2,6 отсто.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 15,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 7,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 отсто, додека се бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,6 отсто, Капитални производи за 0,1, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто, додека опаѓање се бележи кај Енергија за 9,1 процент. 

27.12.2013 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега