Цветковиќ пристигна во МЗТ Скопје

Играчот на Црвена Ѕвезда Александар Цветковиќ, кој беше незадоволен од минутажата која ја добиваше во дресот на црвено белите, попладнево пристигна во новата средина МЗТ Скопје, пренесуваат српските медиуми. Младиот талент несреќен во средината во која се наоѓаше, го искористи последниот ден од преодниот рок, за да направи трансфер во тимот на Аеродром. 

Според постигнатиот договор меѓу двата клуба Цветковиќ во МЗТ ќе игра како позајмен играч до крајот на сезоната 2014/15.

Неодамна во составот на македонскиот шампион МЗТ се приклучи и Американецот Карл Џонс со што плејмејкерската позиција доби голема конкуренција. На тоа место уште играат Никола Оташевиќ, Александар Костоски и Огнен Стојановски кој подолго време е повреден.

28.12.2013 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега