Леброн Џејмс избран за спортист на Америка за 2013

Играчот на Мајами Леброн Џејмс беше избран за спортист на САД за 2013 година, во изборот на агенцијата „Асошетед Прес“. 

 - Се надевам дека со моето залагање и труд им давам добар пример на младите. Би сакал да сум нивен супер-јунак. Тоа е нешто посебно. Искрено верувам дека сум роден да бидам таков, изјави Леброн. 

 Џејмс по Лери Бирд и Мајкл Џордан е само третиот кошаркар кој е избран за најдобар американски спортист во изборот кој се одржува уште од далечната 1931 година.

 Членот на шампионот Мајами освои 31 бод од вкупно 96 и победи пред Пејтон Менинг (американски фудбал) кој собра 20 поени и Џим Џонсон (автомобилист) со 8 поени. 

28.12.2013 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега