Красниќи оцени дека избрзале со ратификувањето на бриселската спогодба со Белград

Првиот косовски парламентарец Красниќи истакна дека косовските пратеници избрзале со ратификувањето на бриселската спогодба со Белград, која ја потпиша претседателот на владата на Србија Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи, поради тоа што немале доволно информации. 

-Собранието немаше доволно информации и избрза со одлуката. Станува збор за спогодбата од 19 април. Не знам колку собранието можеше да знае до кое ниво оди оваа спогодба, рече Красниќи на прес конференција, а преносоа медиумите во Приштина.

„Значи, избрзавме со оваа спогодба“, заклучи тој.

28.12.2013 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега