Земјотрес ги стресе жителите на Далмација

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Далмација, а потресот се почувствувал и во еден дел на Херцеговина.

Сеуште нема информации за евентуална штета или повредени.

Како што пренесува весникот „Вечерњи лист“ епицентарот на земјотресот е регистриран на 11 километри југозападно од Вргорец, во Сплитско-далматинската жупанија, на длабочина од 10 километри.

Потресот се почувствувал и до островот Корчула.

29.12.2013 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа