Две лица пукале врз резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина

Како што соопшти грчката полиција  утринава околу 3 и 45 минути  било пукано врз резиденцијата на германскиот амбасадор. Во инцидентот за среќа нема повредени, додава полицјаата.

Најмалку четири куршуми завршиле на надворешната метална врата на резиденцијата, која се наоѓа зад безбедносен ѕид на фрекфентна улица во северно предградие на грчката престолнина.

Истрагата до овој момент собрала 15 куршуми.

Според полициски извори, имало двајца напаѓачи кои оделе пешки. 

Грчкиот премиер Андонис Самарас и министерот за јавен ред Никос Дендиас по инцидентот телефонски разговарале со германскиот амбасадор во Атина Волфганг Долд, соопштува полицијата.

 

30.12.2013 - 09:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа