Мајката на децата кои изгореа во пожар: Немам сила да отидам на гробишта

Цела Србија сеуште е завиена во црно по смртта на трите мали ангелчиња кои изгореа во пожар откако нивната мајка ги остави сами дома и отиде да се види со љубовникот.

- Многу ми е лошо. Немам сила да станам од кревет и да одам на гробот на моите дечиња. Тагата ме задушува, незнам до кога ќе издржам вака, вели мајката на децата за српскиот Курир. Таа додава дека нема повеќе живот во неа и дека нема сила да отиде и да застане пред гробот.

На трите мали гроба во кои се закопани 4-годишниот Ненад, 3-годишниот Димитрија и 2-годишната Маја постојано доаѓаат луѓе и оставаат играчки и цвеќиња. Само нивната мајка сеуште нема отидено.

За потсетување, дечињата изгореа во пожар откако пред неколку дена нивната мајка ги остави сами дома и отиде да се види со љубовникот. Таа беше уапсена веднаш по погребот.

30.12.2013 - 09:21
Фото: 
вечерње новости

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега