Куршуми од „Калашников“ завршија во резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина - приведени три лица

Три лица се уапсени по инцидентот што рано утринава се случи во Атина, кога беше пукано врз резиденцијата на германскиот амбасадор. 

Најмалку четири куршуми од „Калашников“ завршиле на надворешната метална врата на резиденцијата, која се наоѓа зад безбедносен ѕид на фрекфентна улица во северно предградие на грчката престолнина.

Според полициски извори, имало двајца напаѓачи кои оделе пешки. Инцидентот се случил околу 3:40 часот утринава.

Резиденцијата на германскиот амбасадор била цел на напад и во 1999 година, кога членови на сега растурената екстремистичка група „17 ноември“ истрелаа ракета, што го погоди покривот на зградата, потсетуваат агенциите.

30.12.2013 - 10:10
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа