Запленети 20 килограми дрога на границата со Хрватска

Околу 20 килограми "сканк" биле запленети вчера на границата со Хрватска, а предходниот ден во близина на Албанија биле пронајдени 100 килограми од истата дрога.

Според изјавата на полицијата, дваесетте килограми "сканк" се пронајдени во мерцедес кој бил управуван од албански државјанин  А.Џ (33), а до него седела Р.Џ (23) исто така албанска државјанка.

Дрогата била пронајдена во делот под подот, во бункер во задниот дел на возилото.

Царинските службеници и полицијата извршиле претрес на возилото на граничниот премин околу 07 часот и 30 минути. Според нив дрогата била наменета за шверц преку границата.

Осомничените А.Џ и Р.Џ биле предадени на групата за борба против дрога Котор, Тиват и Херцег Нови. Тие ќе добијат кривична пријава која ќе биде пратена до државниот обвинител.

Пред два дена во близина на албанскта граница полицијата пронајде прет патни торби во кои имало 100 торбички "сканк" со тежина од 100 килограми.

 

30.12.2013 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега