ФОТО: И пензионерите си ќарија новогодишни пакетчиња

Жителите во пензионерскиот дом во Ѓорче Петров со радост и нескриено задоволство ги примија четириесет и петте пакетчиња од градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски .

-Веќе осум години по ред нашиот градоначалник не посетува  за сите поважни празници. Новогодишното празнување како тредиционално , е најинтересно за жителите на домот а градоначалникот е единствениот на кого му текнува дека постоиме и дека и ние сме дел од ѓорчепетровското големо семејство . Во името на сите кои живеат во овој дом искрено му благодарам за подршката која ја имаме,истакна денеска управителот на домот Дураку.

 Митровски во своето обраќање рече:

„Оваа соработка и заедничко прославување со пензионерите од домот е скромен придонес во разубувување на нивното секојдневие. Им посакувам многу вакви средби и да се гледаме здрави и живи уште многу години“

31.12.2013 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега