Време: Малку сонце и многу ветер

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Попладне ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 20 степени.

УВ-вредноста ќе изнесува 6.

Во среда и во четврток времето ќе биде стабилно и суво. 

најчитано сега