Тешка сообрајка на патот Куманово - Крива Паланка: Повредени седум лица, меѓу кои и малолетник

 


Вчера во 15.45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од магистрален  пат Куманово - Крива Паланка и ул.„223“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(71) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната Б.С. од Република Хрватска.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.Ц. и неговиот сопатник М.М.(71) од с.Алгуња, а со телесни повреди се здобиле Б.С. и нејзините сопатници Ј.Ј.(32) и  З.Т.(59), двајцата од с.Ранковце, општина Ранковце и еден малолетник од Р.Хрватска, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

05.05.2025 - 15:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега