Џафери на средби со политичкиот врв на Албанија

Министерот за одбрана Талат Џафери кој престојува во официјална посета на Република Албанија денеска ќе се сретне со својот домаќин, албанскиот министер за одбрана Арбен Имами, како и со политичкиот врв, претседателот на државата Бујар Нишани и претседателот на Собранието Јозефина Топали.

Џафери вчера се сретна со претседателот на собраниската комисија за одбрана и безбедност во албанското Собрание Леонард Деми, како и со бригадниот генерал Бардил Хоџа, командант на Копнената војска на албанската Армија.

Република Македонија и Република Албанија меѓусебната соработка на полето на одбраната и безбедноста ја темелат на Спогодбата за билатерална соработка од 1998 година, Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за одбрана на двете земји, како и во рамките на САД- Јадранската повелба.

Двете соседни земји соработуваат и на проекти во духот на концептот „паметна одбрана“, потоа во рамки на СЕДМ иницијативата и РАЦВИАЦ-Центарот за безбедносна соработка.

најчитано сега