Беровчанец со трактор паднал во река
Вчера во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот на шумски пат, кај место викано „Скокото“ кај Равна река, пехчевско, И.Д.(58) од Берово, управувајќи трактор „ИМТ 533“ со приколка, се превртел и со тракторот паднал во река.
Тој бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.
12.05.2025 - 13:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа