Пимко: Грција ни оваа година нема да излезе на меѓународните пазари

Според мислењето на најголемиот инвестициски фонд во светот Пимко, Грција ни оваа година нема да успее да излезе на меѓународните пазари, при што земјата ќе биде принудена да бара нова странска финансиска помош објави весникот „Етнос“.

Во една изјава за истиот весник грчкиот премиер Андонис Самарас нагласил дека Грција може да застане на свои нозе и повеќе не и е потребна помош од нејзините кредитори, меѓутоа директорот на Пимко, Мајк Бранч, во изјава за германскиот весник „Зидојче цајтунг“ вели дека не е уверен оти Грција е во состојба оваа година да ги собере потребните финансиски средства од меѓународните пазари.

03.01.2014 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега