Тешко повреден велосипедист од Охрид во собраќајка со автомобил

 


Вчера во 12.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од улицата „Партизанска“ со „Ванчо Николески“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ч.(22)  од селото Горенци, општина Дебрца и велосипед, управуван од С.Ф.(59) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

30.06.2025 - 11:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега