Ново место за спорт и забава - игралиште "никна" во Аеродром

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски постави камен-темелник на повеќенаменското игралиште во населбата Реонски центар, вредно 7 милиони денари, дел од проектот на Владата за „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта“.

Повеќенаменското игралиште ќе се простира на површина од 1.100 метри квадратни и ќе биде целосно оградено и осветлено за вечерна употреба. Ќе располага со сите спортски реквизити. Таму ќе може да се спортува мал фудбал, кошарка и ракомет.

03.01.2014 - 15:19
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега