Возете внимателно: Одрони на патот Делчево - Македонска Каменица

 

Одрони од земјиште и карпи се појавија на неколку делници од регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица како резултат на обилните врнежи кои денес попладне зафатија дел од Пијанечкиот регион, јавува АМСМ.

Најзафатени се деловите од патот по селото Очипала и околу месноста Баткова Чешма, каде одроните и натаму се на коловозот и го попречуват сообраќајот.

-Екипите на јавното претпријатие за одржување патишта се на терен и интервенираат на местата каде има најголеми наслаги од земја и камења. Се работи интензивно за целосно расчистување во најкус можен рок“, информираат од надлежната институција.

15.07.2025 - 17:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега